По изведбата на претставата на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, „Хроника на принцот Х.“, во адаптација и режија на Јацек Малиновски, која прикажа свежо и необично видување на творештвото на Шекспир, вечерва на фестивалскиот репертоар, во рамките на четвртото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ е изведбата на претставата „Сонети на летната ноќ“. Станува збор за четири приказни инспирирани од Сонетите од Шекспир, копродукциски реализирани помеѓу Народниот театар од Битола и театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара, Калифорнија, САД.
Првиот дел на „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер (1 јули), кога на сцената на Народниот театар од Битола ќе бидат изведени две дела, претставата по Сонети од В. Шекспир насловена „Ш“, во режија на Јован Ристoвски, како и „Сонети“ во режија на Ангелчо Илиевски. Четвртото издание на интернационалниот „Битола шекспир фестивал“ официјално ќе биде затворен на 25 јули кога во Битола ќе гостува Истанбулскиот градски театар со претставата „Дванаесетта ноќ“.