Еден триумф и еден пораз е учинокот на македонските тенисери кои денеска настапија во поединечна конкуренција на вториот фјучрс турнир во Скопје, кој се игра за награден фонд од 10.000 долари, на терените на „Тенис парк“ во склоп на компексот СЦ „Јане Сандански’’.
Својот настап го заврши Горазд Србљак кој во меч од 2.коло загуби во од осмиот носител Лени Хампел од Австрија и тоа во два сета со идентични 6:2 и 6:2.
Затоа пак Димитар Грабул ќе игра во осминафиналето, откако попладнево во два сета го победи Дује Кекез од Хрватска со 6:3 и 7:6. А, токму Хампел кој го елиминира Србљак, ќе биде следниот противник на Димитар Грабул.
Од македонските тенисери пласман во второто коло веќе обезбедија Томислав Јотовски, како и Стефан Мицов кој пак за место во четвртфиналето ќе игра против (4-носител) Клаудио Форуна од Италија.
Во конкуренција на двојки, денеска играат Лазар Магдинчев и Предраг Русевски, како и Јотовски со Лазов од Бугарија (победници во двојки на првиот фјучрс) и Стефан Мицов заедно со Австриецот, Лени Хампел.