ЕУ забрани ореоли и крстови на словачката монета

Од:

Народната банка на Словачка (НБС) се подготвува идната година во мај да издаде комеморативна монета по повод 1.150 годишнината од доаѓањето на Св. Кирил и Методиј во Велика Моравија.

Според пишувањата на чешките медиуми, првобитно на монетата од две евра, над главите на словенските просветители било планирано да има ореоли, но по барање на ЕУ биле отстранети сите верски симболи.

За првобитниот предлог за изгледот на монетата имале забелешки некои земји-членки на Унијата кои се повикале на принципите на верска неутралност.

Тоа пак не и се допаѓа на Словачката Католичка Црква.

– Европската комисија и дел од земјите-членки побараа отстранување на некои симболи повикувајќи се на принципот на верска неутралност. Конкретно тоа се однесуваше на ореолите и крстовите, изјави за весникот „Правда“, Петра Пауерова.

Против ова, протестираше Конференцијата на бискупи на Словачка (КБС).

– Тоа е непочитување на сопствената историја, изјави портпаролот на КБС, Јозеф Ковачик.

Историчарот Јан Стеинхибел не смета дека е грешка доколку споменатите симболи не бидат на монетата.

– Ние сме секуларна држава, која не е поврзана со било која идеологија или конкретна религија. Кога Кирил и Методиј делуваа на нашата територија тие не беа прогласени за светци. Значи и од тоа историско гледиште тоа е во ред, објасни словачкиот историчар.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он