Денеска стартуваше 130. издание на Грен слемот Вимблдон, а веќе се завршени и првите мечеви во двете конкуренции.
Кај тенисерките првата победа ја извојува Дарја Касаткина од Русија против Викторија Дувал од САД со 2-0, по сетови 6:0 и 7:5.
На машкиот дел од турнирот прв до триумфот стигна Украинецот Сергеј Стаховски над Јошихито Нишиока со максимални 3-0, по сетови 6:3, 6:4 и 6:4.
Трофејот во машка конкуренција го брани Новак Ѓоковиќ кој својот прв меч го игра на централниот терен против Џејмс Вард од Велика Британија.
Кај дамите трофејот го брани Серена Вилијамс.