Четворица навивачи уапсени во Сплит осомничени за прекинот во Сент Етиен

Од:

Хрватската полиција уапси четворица навивачи во текот на викендот во Сплит, обвинети за користење пиротехнички средства и предизвикување прекин во Сент Етиен на натпреварот од Европското првенство меѓу Хрватска и Чешка.

Како што пренесува „ХИНА“ петтиот осомничен денес треба да биде приведен на сослушување.
Овие лица се идентификувани благодарение на видео снимки и тие се задржани во притвор.
Натпреварот Хрватска –Чешка заврши 2:2, а беше накратко прекинат во финишот, кога еден од редарите беше удрен со запален факел.

Поради инцидентот УЕФА на Хрватскиот фудбалски сојуз му изрече парична казна во висина од 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ