Турската авијација нападна објекти на ПКК во Ирак

Од:

Турската авијација нападна објекти на бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак.

Цел на нападот биле кампови на ПКК во областите Зап и Хакурк во Северен Ирак. Во операцијата се погодени околу 30 објекти, меѓу кои противвоздушни системи на бунтовнците и нивни тајни скривалишта. Борбените авиони полетале од базата во Дијарбекир.

Со доаѓањето на зимата, бунтовниците ги подготвуваат своите позиции за студеното време што следи. Турскиот Генералштаб презема мерки да го спречи тоа. Интензивни напади се вршат и врз позиции на ПКК на турска тероторија, каде веќе четири месеци во тек е голема воена операција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски