Британската бринета Џени Дејвис (22) повторно го „воодушеви“ светот со нејзиното непознавање и идиотизам.
Дејвис стана позната, откако нејзиното момче 24-годишниот пранкстер Бред Холмс почна да објавува видеа на кои таа со своите одговори и постапки покажува дека е несекојднево „глупава“.
Овој пат Дејвис е соочена со многу едноставно прашање од страна на Холмс: Ако отидеме во ресторан и ако келнерот те праша дали пицата да ти ја исече на осум или 12 парчиња, што ќе му одговориш?
– Да ми ја исече пицата на осум парлиња, затоа што не би можела да изедам 12, гласи брзиот одговор на Џени.
Сите обиди да Холмс да и објасни дека количеството на пица е исто без разлика дали е поделена на осум или 12 парчиња остануваат безуспешни. Џени е упорна дека 12 парчиња ќе и се многу, затоа што не сака да се здебели.
Сепак, многумина сметаат дека Џени воопшто не е глупава како што се прикажува во видеата, туку дека станува збор за смислена тактика на Дејвис и Холмс за стекнување слава.