Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со својот партнер Александар Лазов од Бугарија, победија во игра на двојки на фјучрсот во Скопје на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.
Двојката Јотовски – Лазов вчеравечер во финалето беше подобра од српскиот пар Данило Петровиќ – Небојша Периќ со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2.
Ова за Јотовски е петта титула во конкуренција на двојки, а прва во 2016 година.
Денеска од 17 часот почнува финалето во сингл конкуренција меѓу Данило Петровиќ и Александар Милер.