Репрезентацијата на Велс е вториот патник во 1/4 финалето на ЕП во Франција.
Велшаните со 1:0 ја победија селекцијата на Северна Ирска и обезбедија место меѓу осумте најдобри на првенството.
Клучниот момент на натпреварот кој се играше на „Паркот на принцовите’’ во Париз, се случи во 75-минута кога по уфрлањето на Герет Бејл од левата страна, Герет МекАули си постигна автогол.
Во останатите осминафинални натпревари кои ќе се играат утре и задутре ќе се сретнат:
Недела (26 јуни)
Франција – Р. Ирска (15 часот, Лион)
Германија – Словачка (18 часот, Лил)
Унгарија – Белгија (21 часот, Тулуз)
Понеделник (27 јуни)
Италија – Шпанија (18 часот, Париз)
Англија – Исланд (21 часот, Ница)