Словачката тенисерка Доминика Цибулкова е победничка на турнирот во Истборн, Велика Британија. Таа денеска во финалето ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.
За Цибулкова ова е вкупно петти трофеј во нејзината кариера освоен преку елиминација на силни тенисерки, меѓу нив и првата носителка на турнирот, Агњешка Радванска.
Турнирот во Истборн, како и претходниот во Нотингем, се еден вид генерална проба за претстојниот Грен слем на трева „Вимблдон 2016“ кој почнува в понеделник.