Македонскиот тенисер Томислав Јотовски на фјучрсот во Скопје ќе игра во финалето во конкуренција на двојки.
Тој синоќа со неговиот партнер Александар Лазов од Бугарија ги победија Љубомир Целебиќ и Давиде Мелкиоре со 2-0 во сетови.
Во првиот сет Јотовски и Лазов беа подобри со 6:3 во гемови, додека во вториот сет се водеше голема борба и дури во тај брекот беше решен сетот со 14:12.
Денес во финалето Јотовски и Лазов ќе играат против Небојша Периќ и Данило Петровиќ од Србија, кои со 6:2 и 7:5 во другото полуфинале беа подобри од Лени Хампел и Данило Калиниченко.
Финалето ќе почне околу 18 часот, по завршување на полуфиналните мечеви во сингл кои стартуваат во 15 часот.