Двајца Англичани и еден Шпанец ќе бидат главни судии на првите три стедби од осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.
Иако трет во саботната осминафинална програма, сепак најголемо внимание ќе привлече дуелот меѓу Хрватска и Португалија. УЕФА реши арбитрите на овој меч да се од Шпанија, а главната улога ќе ја има Карлос Веласко Карбаљо, кому ќе му помагаат сонародници Роберто Фернандез и Хуан Хименез.
На првиот меч меѓу Швајцарија и Полска, правдата ќе ја дели Англичанецот, Марк Клатенбург заедно со помошниците Симон Бек и Џејк Колин. Токму Клатенбург остави најголем впечаток со својата непогрешива арбитража како на дуелите кои ги судеше на ЕУРО 2016, така и на годинашното финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, па добрите познавачи на фудбалот дека токму тој ќе арбитрира на мечот меѓу Хрватска и Португалија.
И натпреварот на дебитантите на европските првенства, Велс и Северна Ирска, кои го сочинуваат вториот осминафинален пар, ќе го суди Англичанец, Мартин Еткинсон, а негови помошници ќе бидат Михаел Муларки и Стивен Чајлд.
Овие осминафинални натпревари ќе се играат во сабота во термините од 15, 18 и 21 часот, редоследно, Швајцарија – Полска, Велс – Северна Ирска и Хрватска – Португалија.