Јотовски избори полуфинале во двојки на фјучрсот во Скопје

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Александар Лазов од Бугарија изборија пласман во полуфиналето на фјучрсот во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

Јотовски и Лазов ја совладаа македонската двојка Предраг Русевски и Лазар Магдинчев со 7:6 (7:4) и 6:3 во гемови за 90 минути игра.

Утре ќе играат во полуфиналето против Љубомир Целебиќ (Црна Гора) и Давиде Мелхиоре (Италија). Во второто полуфинале пред нив ќе играат Данило Петровиќ и Небојша Периќ (Србија) против Лени Хампел (Австрија) и Данило Калиниченко (Украина).

Инаку, утре ќе се играат и четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција, а почетокот на првите мечеви е во 9:30 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз