Од 1. јули стапува во сила забраната за увоз на половни возила, постари од 10 години. Граѓаните ќе можат да увезат половно возило само со стандард Еуро 4 или повисоко.
Граѓаните кои веќе купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаат рок до 30-ти јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозните процедури.
Рокот за хомологација е неограничен.
Во првите четири месеци од годинава, според податоците на Царинската управа се увезени 9.500 возила, односно скоро двојно повеќе од истиот период лани.
Рекордна година за увозот на половни возила е 2010, кога со законски измени беше олеснет увозот на стари коли со стандард понизок од Еуро 4.
Во текот на 2010 година увезени биле над 51.000 возила.