Голден Стејт во одбрана на титулата, Кливленд по првиот шампионски прстен

Од:

По три години повторно шампионот во НБА лигата ќе биде познат по одигрувањето на мајсторката или натпреварот број 7. Шампионот Голден Стејт ја има предноста на домашен терен да стигне до одбрана на титулата, додека Кливленд ќе се обиде да стигне до првиот шампионски трофеј.

Ова ќе биде 17.ти пат во НБА финалето титулата да биде доделена по одигрувањето на „мајсторката“. Кошаркарите на Кливленд предводени од Леброн Џејмс кој на последните два натпревара постигна по повеќе од 40 поени успеаја од 1-3 да стигнат до 3-3 во добиени натпревари.

Но, токму Леброн Џејмс нема ниту една победа во мајсторка со тимот на Кливленд.

Традицијата е на страна на Голден Стејт бидејќи ниту еден тим кој водел со 3-1 во финалето не останал без титулата. На претходните шест натпревари од финалето на сите разликата за победникот беше двоцифрена, но дека тимовите се изедначени покажува и фактот што во вкупниот број поени скорот е 610:610.

Двајцата тренери Стеф Кер (Голден Стејт) и Тајрон Лу (Кливленд) ќе бидат пред голем предизвик.

За големиот интерес за „мајсторката“ покажува и податокот дека еден купувач две влезници до самиот терен ги купил по цена од 49.500 долари (за една влезница).

Победа за Голден Стејт ќе значи одбрана на титулата и втора шампионска титула (второ финале како Голден Стејт), додека Кливленд го игра своето трето финале и ја „брка“ првата титула.

Почетокот на натпреварот е вечерва во 2 часот по полноќ по македонско време.

Би можело да ве интересира

Донован Мичел во Кливленд

Голден Стејт триумфално до 2-0 против Кливленд во НБА финалето

А1он

Кливленд поведе со 2-1 во финалето против Голден Стејт

Емир Латифовиќ