Репрезентацијата на Северна Ирска забележа победа на Европскиот фудбалски шампионат во Франција, совладувајќи ја Украина со 2:0 во првиот меч од 2.коло на Ц групата.
На средбата одиграна на стадионот на во Лион, првиот гол за Северна Ирска го постигна Герет МекАули во 49-минута. Дебитантската победа за оваа селекција на нејзиното прво учество на европските шампионати, ја потврди Миал МекГин во шестата минута од судиското продолжение (90+6).
Во вториот меч од оваа група вечерва од 21 часот во Париз, ќе играат селекциите на Германија и Полска, репрезентации кои во првото коло забележаа победи.
Потсетување дека во првиот натпревар од денешната програма, а во рамките на Б групата, фудбалерите на Англија ја победија Шкотска со 2:1.