Давиди: Федерацијата БиХ е нефункционална

Од:

Заменикот шеф на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина Ренцо Давиди изјави дека меѓународната заедница се спротивставува на создавање трет ентитет на просторот на БиХ, но додаде дека Федерацијата во голема мера е нефункционална и оти треба да се разгледа како нејзината структура може да биде сменета.

Давиди за сараевскиот „Дневник аваз“ рече дека за такво нешто е потребно време и оти не знае колку долго би траела.

– Федерацијата во голема мера е нефункционална. Таа е скапа, бавно се носат одлуки, финансиски е неодржлива… веројатно е време, да се разгледа како актуелната федерална структура може и треба да се менува. За такво нешто е потребно време и не знам колку би можело да трае, рече Давиди.

– Ако отворите дебата за реформа на Федерацијата и добиете силна политичка поддршка да се смени Уставот и законите тогаш таквото решение би можело да биде прифатливо и за ЕУ, рече Давиди.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски