Границите кои ги укина интернетот овозможуваат да комуницираме и да учиме исто што и некој од сосема друг континент. На него постојат многу можности, апликации и корисни или пак забавни страници.
Ви пренесуваме листа на страници кои ќе ве расположат, ќе ви помогнат при стекнување на нови вештини или развивање на тие кои веќе ги поседувате и тоа целосно бесплатно.
1. Мејл адреса која сама се уништува
Се повеќе страници бараат отворање на кориснички налог за да се пристапи до нивната содржина. За тоа секако треба мејл адреса.
За жал, корисникот по отворањето на налогот често е бомбардиран со огромно количество на иритантни промотивни мејлови. За да се отстрани тој проблем, страницата „10 Minute Mail“ нуди отворање на привремена мејл адреса со чија помош ќе можете да се пријавите на разни попусти, реклами и слично, а која автоматски ќе се деактивира по 10 минути.
2. Амбиентални звуци за секоја прилика
Ако сте под стрес, ви треба нешто да ве покрене или да ве опушти. Ако едноставно ви треба некоја звучна позадина за вршење на секојдневните задачи, на страницата „A Soft Murmur“ ќе најдете се што ви треба.
3. Научете кој било јазик
Стара поговорка вели: колку јазици зборуваш, толку вредиш. Со страницата „Duolingo“ повеќе нема да имате проблеми при учење на странски јазик. Не чуди што ја нарекуваат бесплатен „Камен од Розета“.
4. Старински игри
Ако ве фаќа носталгија за првите конзоли како „Sege“ и „Nintendo“ игриците, обавезно отворете ги SEGA, SNES и NES емулаторите. Забавата ви е загарантирана.
5. Фатете се во костец со финансиите
Припаѓате ли на мнозинството кое на крајот на месецот мора два пати да го сврти секој денар, посетете ја финансиската страница „Mint“.
На неа можете да креирате свој сопствен буџет, да следите колку и на што точно ги трошите своите пари, а можете да најдете и некои вредни финансиски совети.