Репрезентацијата на Франција е првата селекција која обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство во фудбал.
Домаќинот на Шампионатот синоќа на „Велодром“ во Марсеј во рамките на дуелот од 2. коло од групата А, ја победи Албанија со 2:0. Двата гола беа постигнати во финишот. Прво резервистот Антоан Гризман во 90. минута и донесе водство на Франција од 1:0, а потоа во 90+6 минута конечните 2:0 ги постави Димитри Пајет, што за него беше втор гол на првенството.
Во првиот натпревар од групата одигра вчера Романија и Швајцарија одиграа нерешено 1:1.
Франција е прва во групата А со 6 бодови, Швајцарија има 4, Романија 1, а Албанија е без бод.
Во рамките од Б групата вчера Словачка ја победи Русија со 2:1, а денеска од 15 часот играат Англија и Велс. Покрај овој натпревар се играат и дуелите од Ц групата Украина – Северна Ирска (почеток 18 часот) и Германија – Полска (почеток 21 часот).