Скопјанец доби кривична за разбојништво и обид за кражба

Од:

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителствоп-Скопје го предаде лицето Б.П. викан „Чак“ (60) од Скопје поради основано сомнение дека со намера за себе да прибави противправна имотна корист во период од средината на август годинава до 10 овој месец на подрачјето на Град Скопје извршил три кривични дела, од кои две – „разбојништво“ и едно – „разбојничка кражба во обид“, при што се стекнал со вкупна материјална корист од 25.000 денари.

Минатиот викенд, односно на 10 ноември околу 15 часот на улицата „Даме Груев“ во Скопје, Б.П. извршил кривично дело „разбојничка кражба во обид“ во бутикот „Кинески центар“ над вработената М.А.(25). Откако влегол во продавницата, Б.П. почнал да гледа по изложената стока и во еден момент од чантата која била оставена во близина на работното биро, го земал паричникот сопственост на оштетената во кој имало лична карта, возачка дозвола, дебитна картичка и 300 денари, сакајќи незабележано да замине.

Б.П. бил забележан од страна на оштетената, која се обидела да го сопре, но тој почнал да дава отпор и да ја турка, а потоа го фрлил паричникот и физички ја нападнал. Вработената паднала на подот и при падот се здобила со повреда, а пријавениот го напуштил бутикот. Набргу по настанот Б.П. е фатен и приведен.

На 1 септември, околу 14 часот на улицата „Орце Николов“ Б.П. извршил разбојништво во бензинска станица сопственост на АД „Макпетрол“ Скопје на тој начин што со огнено оружје-пиштол со сериозна закана над вработените успеал да им одземе една службена торба во која имало околу 9.000 денари дневен пазар и еден мобилен телефон марка „Сони – Ериксон“ со што се стекнал со материјална корист од околу 11.000 денари.

По извршеното кривично дело, пријавениот ги фрлил пиштолот, мобилниот телефон и службената торба, задржувајќи ги само парите за себе.

На 18 август годинава околу 17 часот на улица „Македонија“ Б.П. извршил кривично дело „разбојништво“ во аптека „Еурофарм“ – Рекорд над вработената А.М.. Со сериозна закана со пиштол кој го вперил кон вработената, Б.П.побарал да ја испразни касата и да му ги даде сите пари. Откако вработената му ги дала сите пари тој ја напуштил аптеката и заминал во непознат правец при што успеал да земе 14.000 денари.

Лицето Б.П. во крим-евиденциите на СВР-Скопје минува за извршени повеќе кривични дела, како „тешка кражба“, „кражба“, „одземање на МВ“, „фалсификување исправа“.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград