Шведска извлече бод против Ирска

Од:

Во првиот натпревар од групата Е, на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција, репрезентациите на Шведска и Република Ирска одиграа без победник 1:1.

На средбата која се играше на стадионот „Сад де Франс“ во Париз, со голот на Весли Холахан во 48-минута селекцијата на Република Ирска поведе со 1:0. Сепак, благодарение на автоголот на Киаран Кларк во 71-минута, „Викинзите“ стигнаа до израмнување, со кое двете селекции прокнижија по еден бод на своето конто.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва од 21 часот во Лион ќе се сретнат Белгија и Италија.
Потсетување дека првиот меч од денешната програма на ЕУРО 2016, го доби актуелниот европски првак Шпанија која со голот на Пике во самиот финиш со 1:0 ја совлада Чешка.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ