Германија ја совлада Украина со 2:0 и дојде до планираните три бода во првото коло.
Натпреварот го отвори во 19. минута Мустафи, кој погоди со глава за водство на Германија од 1:0.
Украина по примениот гол тргна кон изедначување и се создаваа шанси пред голот на Нојер.
Во второто полувреме спласна иницијативата на Украинците.
Германија имаше неколку нереализирани шанси, а нововлезениот Бастијан Швајнштајгер во 93. минута поентираше за конечни 2:0.