РТС – Белград
Што е тоа што го разликува човекот од животните, едно е од најстарите филозофски прашања. Вообичаено верување е дека само луѓето можат да ја претпостават, да ја знаат и да ја разберат можноста дека и другите суштества имаат свест налик на човечката. Најновите истражувања покажуваат дека гавранот, птица која во многу култури е симбол на интелигенција и мудрост, има способност налик на човечката, дека размислува апстрактно за умовите на другите суштества, дека го усвојува нивното однесување или им припишува однесување врз основ на претпоставена перцепција слична на сопствената.
Во студијата која е објавена во списанието „Природни комуникации‟ опишано е дека гавранот посебно внимава на своето точно место каде ја крие храната кога слуша гласови на други гаврани, иако ги нема во неговото видно поле, но дупчето кое му служи за набљудување на околината е отворено.
Од друга страна, гавранот кој е субјект на истражување, не покажува таква загриженост додека отворот за набљудување е затворен иако слуша целосно исти звуци од околината.
Бихевиорални сигнали и апстрактни концепти на виденото
Се стекнува впечаток дека станува збор за специфично или не толку важно откритие, за всушност со него се фрла сосема ново светло на територијата на свеста. Станува збор за способност некоја ментална состојба, вклучувајќи ја и содржината на виденото, по пат на апстрактни ментални претпоставки се припишува на други суштества како можност.
Авторите на оваа студија се професорот по филозофија на Универзитетот во Хјустон, Камерон Брукнер и професорите по когнитивна биологија на Универзитетот во Виена. Најголемиот број истражувања кои се однесуваат на теориите на свеста, до сега се правени со шимпанза и други видови блиски на човекот.
Според резултатите на тие студии, животните можат да сфатат што другите гледаат, посебно кога е во прашање храната, само ако притоа гледаат лице, а посебно очите на другите животни, т.е. ако добијат одредена сигнална информација од нивните погледи.
Многу истражувачи сметаат дека во прашање е читање на површни сигнали и дека не постои вистинско разбирање на тоа што друго животно гледа или би можело да види.
Веќе долго стои отворено прашањето дали било кое суштество освен човекот може да претпостави и да го поими концептот на виденото без да се земат предвид бихевиоралните сигнали.
Зошто гавранот е идеален субјект
Избрани се гавраните како идеални субјекти на истражувањето, бидејќи наспроти еволутивната дистанца од луѓето, нивниот живот поминува низ фази слични на тие кои се карактеристични за луѓето.
Кај нив постојат социјални разлики и флексибилност, исто како и кај луѓето. Се знае точно кој со кого е добар, кој со кого се дружи, кој е непријател, но сето тоа е променливо. Гавраните се добри соработници или другари но и силни конкуренти. Тие воспоставуваат долгорочни моногамни врски. Поради тоа се интересни за проучување на социјалната когниција.
Способноста да најдат и да сокријат храна за нив е многу важна. Кога ќе забележат дека некој ги гледа, се однесуваат поинаку. Тогаш тие набрзина но и не толку успешно ја кријат храната, за разлика кога мислат дека никој не ги гледа.
Како е спроведен експериментот
За потребите на истражувањата биле користени две соби со прозорци помеѓу нив, кои можеле да се отворат или прекријат, како и дупчиња за гледање и набљудување на соседната просторија, кои исто така можеле да бидат отворени или затворени.
Гавраните биле претходно тренирани за користење на овие отвори за гледање и притоа го гледале експериментаторот како прави своја тајна скривница во соседната соба. Во завршната фаза на тестот двата прозори биле прекриени со платно, но отворите за гледање биле откриени.
Покриеното лице пуштало звуци, налик на гавран конкурент, но и звуци на други птици кои всушност не биле таму. Гавраните-субјекти и понатаму се труделе да ја кријат храната како некој и понатаму да ги гледа.
Тоа покажува дека тие имаат способност на воопштување, врз основа на своите претходни искуства. Тие претпоставуваат дека нивните соседи можеби би можеле преку тоа дупче да ја откријат нивната тајна скривница за храна. Значи, тие имаат претпоставен концепт за набљудување припишан на евентуално друго суштество и таа апстрактна претпоставка го надминува обичното заклучување врз основ на сигналите.
Влијанието на анализата на однесувањето на гавраните на човековата самоперцепција
Толкувањето на резултатот на овој експеримент обично бара дополнителни информации за причините поради кои токму гавраните се поволни субјекти кога станува збор за истражување на социјалната когниција. Резултатот на овој експеримент, според зборовите на професор Букнер претставува значаен придонес на теоријата за свеста и апстрактното мислење. Извесно е и дека ќе ја промени човечката самоперцепција и доживувањето на единственост.
Следните научни чекори се насочени во потрага за сите тие животински видови кои би можеле да искажат способност за апстракција во тест со отвори за гледање, вклучувајќи и луѓе, бидејќи ние всушност не знаеме точно во кој период на нашето детство за прв пат се искажува оваа способност.
Брукнер заклучува дека со тоа што полека на пополнуваме сликата за еволуцијата со важни детали, стигнуваме се поблиску до одговорот на прашањето, што е тоа што човечкиот ум го прави навистина единствен.