Со голот на Аркадиуш Милик во 51.минута, селекцијата на Полска ја победи Северна Ирска со 1:0 во вториот денешен натпревар од Европското фудбалско првенство во Франција.
На средбата одиграна во Ница, Полска беше подобар противник, ја имаше контролата над играта и заслужено ги освои првите бодови на шампионатот. Дебитантот Северна Ирска не создаде ниту една посериозна шанса за гол и првите ќе ги „бара“ на следните два натпревара од Ц-групата.
Вториот натпревар од 1.коло во оваа група се игра вечерва со почеток во 21 часот, а во него се среќаваат Германија и Украина.