„Реакцијата на руските навивачи не беше изненадувачка. Видов како двајца англиски навивачи ги симнаа пантолоните и се избришаа со руското знаме“, пишува британскиот спортски новинар Мартин Макинтаер.
Новинарот Сајмон Раунтри соопшти дека Англичаните довикувале со навреди кон Русија, претседателот Владимир Путин, и тенисерката Марија Шарапова пренесува РТ.
Нередите во Марсеј траат неколку дена пред натпреварот меѓу Англија и Русија кој заврши нерешено. На завршувањето на мечот, руските навивачи упаднаа на трибините на англиските навивачи.
Претседателот на Серуските навивачи Александар Шпригин, кажа дека против еден руски навивач е покрената кривична постапка.
Досега, во нередите во Марсеј, четворица се тешко повредени. Sky News пишува дека двајца англиски навивачи се во критична состојба.
Навивачите на Полска и Северна Ирска пак предизвикаа тепачки на улиците на Ница, каде се повредени осум луѓе.