Она што го доживеаа членовите на жирито на американскиот Суперталент се доживува ретко. Пред нив застана 82 годишниот пензионер Џон Хетлингер. Зборуваше за работата како инженер и откри дека има талент за пеење.
Жирито не знаеше што да очекува, но кога дедото изведе обработка на хард рок нумера, публиката „збесна“. Сите заиграа, а Симон Коуел не можеше да престане да се смее.