Погребно возило од лего коцкици

Од:

Сувенирницата на „Погребен музеј“ на виенските централни гробишта од сега во својата понуда има и „трамвај за погреби“ изработен од лего коцки.

Ова необично погребно возило го направи Роберт Старингер, кој голем број виенски јавни превозни средства ги претвори во минијатурни модели од лего коцки. Лего сетот „Трамвај за погреби 1601“ содржи 350 коцки за вагон, два ковчега и една лего фигура.

Тој е комбиниран со лего трамвајски сет „Straßenbahn Alt Set 1408″ и „1609“, а планирани се и дополнувања со фигура на гробар.

„Трамвајот за погреби“ навистина постоел и транспортираше посмртни останки од виенските болници од Централните гробишта. Двата вагона имале капаците од по дванаесет ковчези и би биле приклучени на регуларен вагон. Ни еден од црните лакирани вагони не е зачуван.

„Погребалниот музеј“ води низ историјатот на погребалното претпријатие и гробиштата во Виена од крајот на 18. век, до денес и изобилува со многу предмети од „светот на мртовците“. Тој е сместен на виенските Централни гробишта, кои со повеќе од 330.000 гробни места важат за едни од најголемите во Европа.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ