Зошто Гугл не сака луѓето да ги видат овие две куќи

Од:

На „Гугл Стрит Вју“ се видливи голем број итересни појави, како луѓе кои водат љубов, бизарни сцени, па и дури духови, но постојат и некои сцени што Гугл не сака да бидат видени.

Меѓу нив се Фарските Острови, американските воени бази…, но и две куќи, кои се сокриени од јавноста на овој популарен сервис. Тие две куќи во Стокхолм се замаглени на фотографиите кои овој сервис ги снимил во 2009 година, објави „Газет Лајв“.

133209446

Иако сопствениците на недвижности може да побарат од Гугл да ги скрие нивните куќи од „Стрит Вју“, сопственичка на една од овие куќи тоа не го направила, а за весникот „Дејли Мирор“ изјави дека незнае зошто Гугл ја сокрил нејзината и соседната куќа.

– Живеам во таа куќа од 2000 година и незнам зошто не можам да ја видам. Ако дознаете, јавете ми. Би било убаво да се знае зошто. До денес не знаев дека е замаглена, изјави Џен Алисон.
Британскиот весник „Дејли Мирор“ испратил барање до Гугл со прашање зошто куќите се сокриени, но се уште нема одговор.

Интересно е дека куќите сепак можат да се видат, кога доволно ќе се оддалечите од нив. 

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска