Пакистанка ја запали својата ќерка затоа што се омажила без согласност на семејството

Од:

 Една Пакистанка ја запалила и убила својата 18-годишна ќерка, затоа што се омажила за момче кое не било избрано и одобрено од семејството.

Инцидентот се случил во градот Лахоре во северен Пакистан и тоа е трет ваков случај за само еден месец во оваа муслиманска земјата, каде нашироко е распространета праксата за насилство врз жените, доколку одлучат да им се спротивстават на строгите конзервативни правила за љубовта и бракот.

Полицијата ја уапсила мајката-убиец, но истрагата и натаму не може да утврди дали несреќната млада жена била се уште жива кога било запалено нејзиното тело.

Претставник на локалната полиција само објасни дека се најдени траги од тортура на телото, уште пред жената да биде полиена со бензин и запалена.

Зенат Рафик се омажила за својот избраник Хасан Кан, пред една недела и по сведбата се преселила да живее кај родителите на сопругот.

Минатата недела, една млада учителка од мало место близу до главниот град Исламабад, беше запалена и убиена затоа што одбила да се омажи за човек кој бил избран од нејзиното семејство, а пред еден месец, Совет на старци во едно пакистанско село нареди да се запали една тинејџерка, затоа што и помогнала на нејзината другарка да побегне со својот избраник.

Околу 1.100 Пакистанки биле убиени минатата година од страна на нивни роднини, поради „одбрана на честа“.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ