Една болница од кинеската провинција Шандонг им овозможи на мажите и самите да ги почувствуват породилните болки на жените.
Иницијативата наиде на добар прием, па многу мажи доаѓаат на овие сеанси за да го почувствуваат „искуството на раѓањето“.
Сеансата се состои во тоа што над абдоменот на мажите им се поставуваат перничиња кои спроведуваат електрични импулси и го имитираат чувство кое се јавува во текот на „продувањето“. Иако татковците полека паѓаат во агонија од болката. чиј интензитет се зголемува на скала од еден до десет, една медицинска сестра од болницата изјави дека тоа што го чувствуваат е „само сенка на вистинското доживување“.
Со помош на машини се врши електрична стимулација на кожата и нема дополнителни опасни последици.
Лекарите веруваат дека мажите кои ќе го доживеат ова искуство стануваат повниматели кон своите жени.
Пациент кој „стигнал“ до седмо ниво на скалата на симулации, изјави дека неможе да се опише колку е тоа болно.
Неговата сопруга пак изјави дека пред ваквото искуство, тој тврдел дека не е тешко да се роди дете.
Друг пациент, кој при тестирањето бил на десетиот највисок степен на породилни болки, изјави дека тоа искуство радикално го променило неговиот поглед на самиот чин на породувањето.