Славната Мерил Стрип изведе беспрекорен перформанс, облечена и нашминкана како претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп.
Изведбата била специјално подготвена за годишната гала свеченост посветена на делата на Шекспир, во „Park Public Theater“, во Њујорк.
Трикратната оскаровка совршено го ископирала изгледот на Трамп, облекувајќи ватиран костум, црвена вратоврска и портокалов тен на лицето.
Стрип настапи заедно со актерката Кристина Барански, кој ја играше Хилари Клинтон. Тие во дует ја изведоа песната на „Brush Up Your Shakespeare”од бродвејскиот мјузикл „Kiss Me, Kate“.
Во мјузиклот, песната ја пејат група гангстери, кои ги советуваат мажите дека единствен начин да се заведе женa е со рецитирање на Шекспир.
Мерил Стрип совршено го имитираше Доналд Трамп не пропуштајќи ја и шегата со „малите раце“ на претседателскиот кандидат.
Портпаролот на славната актерка соопштил дека Мерил Стрип нема намера да ја повтори оваа изведба и дека овој „лик“ таа го изиграла само еднаш.