Активисти на движењето „АМАН“ вчеравечер присуствувале на средба на граѓаните со премиерот Никола Груевски.
Кога дошол премиерот, кој доцнел повеќе од еден час, дозволил да се поставуваат прашања од публиката.
Меѓутоа, во моментот кога активистите се обиделе да му постават прашање на премиерот, непознати лица се испречиле пред нив, со што оневозможиле визуелен контакт со премиерот.
По ова, активистите на АМАН, револтирани ја напуштиле салата.
Средбата се одржуваше во училиштето „11 Октомври” во скопската општина Центар.