Мајмун кој паднал во трансформатор во кениската хидроцентрала „Гитар“, предизвика голема хаварија, поради што без струја остана речиси целата територија на Кенија.
Кениската електроенергетска компанија „КенГен“, која е најголем производител на електрична енергија во источна Африка, соопшти дека мајмнот предизвикал технички дефект и „пад“ на 180 мегаватната мрежа.
– Мајмунот се качил на покривот на електраната „Гитар“ и паднал во еден трансформатор. Тоа предизвика дефект и во другите делови на централата што резултираше се преоптоварување на мрежата и прекин на струја низ земјата, објави „КенГен“.
Компанијата во своето соооштенија изразува жалање поради инцидентот, додавајќи дека нејзините капацитети се обезбедени со огради под напон за да ги одвраќаат дивите животни.
Во соопштението на „КенГен“ не се посочува каква била судбината на невнимателниот мајмун.