„Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на фестивалот SEE a Paris

Од:

Mакедонскиот филм „Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на шестото издание на фестивалот SEE a Paris 2016.

Покрај филмската програма, фестивалот имаше и музичка програма, во која се вбројуваат концертите на Alina Baba, ElinaDuni и VlashenSata.

Фестивалот почна на 31 мај во универзитетот INALCO, каде што покрај маратонот на документарни филмови, се одржа симпозиум на тема „Миграциите и филмот“, на кој учествуваа истакнати имиња, како Фроса Пејоска, професор на Универзитетот Иналко, Фабрис Далмеида, професор на Универзитетот Пантеон-Асас, Љубен Тевдовски, директор на Музејот на Град Скопје, Јордан Плевнеш, ректор наУниверзитетот за аудиовизуелни уметности Скопје о др.

Покрај учеството на симпозиумот, познатиот српски режисер Желимир Жилник одржа работилница, додека неговиот филм „Log-Book Srbistan“ , ја доби наградата на студенското жири за најдобар документарен филм. Гостин на програмата во INALCO беше и легендарниот Душан Макавејев.

Програмата во Le Palace се отвори со изложбата „Балканскиот Дон Кихот во Европа, потоа беа доделени и специјалните награди на фестивалот.

Наградата SEE Film Legend на Вељко Булајиќ му беше лично врачена од страна на Yves Boisset, за SEE Actor 2016 беше прогласен црногорскиот актер Бранимир Поповиќ, додека наградата Europa Prima 2016 за литература му беше доделена на Francis Combes. Покрај овие, беа им доделени награди на Ерхард Бусек (Europa Prima Politics Award 2016)и Трифун Костовски (SEE Personality 2016).

Жирито во состав: Ив Буасет(претседател),Зоран Живковиќ, Хазис Вардар, Макс Азуле,Саша Голдман и Емануел Галабруе, ги додели следниве награди:

Најдобар филм – „Bota“ – Iris Elezi и Thomas Logoreci(Албанија)
Најдобра режија – TuncDavut – „Dolanma“ (Турција)
Најдобра машка улога – Горан Навојец – „Svenajbolje“,(Хрватска)
Најдобра женска улога –FlonjaKodheli -„Bota“, (Албанија)
Најдобро сценарио – YorgosGkikapeppas – „Silent“, (Грција)
Најдобра музика – Александар Пејовски -„Три дена во септември“ , (Македонија).

Фестивалот ги заокружува овогодинешните изданија во Нингбо, Кина,(CEE in Ningbo 08-12.06), со селекција во кoја се вклучуваат и кратки и документарни филмови од земјите на источна Европа.

Би можело да ве интересира

Француско-руска вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“, Ал Ди Меола на Антички

Емир Латифовиќ

Поради невреме во Охрид, концертот на Сандовал презакажан за вечер

Емир Латифовиќ

Меѓународен фестивал „Фолклорен Мост“ во Струга

Емир Латифовиќ

„Where Jazz Meets Clasical“ – концерт на „Скопско лето“

Емир Латифовиќ

Mакедонската култура на Фестивал на франкофонијата во Созопол

А1он

МНТ и Театар Комедија се оградија од денешните протести на нивните колеги

Емир Латифовиќ