НБРМ домаќин на 9. Конференција за платните системи

Од:

Процесот на усогласувањето на македонското законодавство во доменот на платните системи и платежните услуги со регулативите на ЕУ, ќе биде тема на  деветтата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност, чиј домаќин од денеска до 8 јуни е Народната банка на Република Македонија. 

На конференцијата која традиционално се одржува во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ќе учествуваат претставници од Европската централна банка, централните банки на Албанија, Белорусија, Бугарија, Грузија, Ерменија, Косово, Молдавија, Мароко, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Црна Гора, Чешка, финансиската институција „Комерцбанк“ (Commerzbank)…

Експертите од ЕУ, претставниците од домашниот банкарски сектор и претставниците на останатите домашни обезбедувачи на платежните услуги ќе дискутираат и ќе се осврнат на новиот нацрт-пакет на македонското законодавство во доменот на плаќањата.

Се очекува дека новата правна рамка ќе ја поттикне конкуренцијата, со дозволувањето влез на небанкарските институции на пазарот, зајакнувањето на правата на корисниците на платежните услуги за добивање појасни и навремени информации, пониските цени на платежните услуги за корисниците на плаќање, како и со воспоставувањето правна основа за побрза интеграција на Република Македонија во ЕУ и вклучување во Единствената европска платежна област.

Предавачите ќе се осврнат и на тековниот развој на правната рамка за регулирање на плаќањата на европско ниво, со посебен акцент на новата ревидирана директива за платежни услуги, стратегиската визија 2020 на Евросистемот, најновите иновации во рамките на Единствената европска платежна област, софистицираните решенија за плаќања во ерата на електронската трговија и дигиталните комуникации.

На конференцијата ќе се разгледаат и прашањата за развојот на безбедноста на плаќањата, усогласеноста со регулативата, финансиската вклученост, каналите за дистрибуција на готовина и плаќањата на трезорскиот систем. 

Според програмата, утре воведно обраќање ќе има вицегувернерката на Народната банка Маја Кадиевска-Војновиќ, задолжена за Секторот за операции на финансиските пазари и платните системи.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици