Акција за чистење на Средно Водно

Од:

Акција за чистење на Средно Водно ќе се одржи денеска напладне во организација на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД.

Покрај расчистување на планината, акцијата има цел и да зголеми свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Најавено е учество на 15-ина волонтери кои ќе носат маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација.
Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно