Најмалку тројца загинати во бродска несреќа крај Крит

Од:

Во спасувачката операција во потрага по жртвите од бродот што се преврте брод во близина на Крит, досега се пронајдени тела на тројца мигранти, додека 302 се спасени, јави дописникот на МИА.

Брод за едрење, на кој според некои извори, имало околу 600 мигранти и бегалци, рано изутринава испратил СОС сигнал додека пловел во водите на Египет.

Египетските власти за тоа ги известиле грчките колеги, по што на местото на несреќата пристигнале два грчки патролни чамци, пет бродови кои пловеле во близина и грчки хеликоптер Супер Пума.

Спасувачката операција ја координира оперативниот центар на грчкото Министерство за поморска трговија.

Повеќето од спасените мигранти во моментов се на бродови кои пловат под норвешко знаме, а грчките власти се уште немаат одлучено во кое пристаниште ќе бидат одведени преживеаните.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ