Соопштение од НБРМ во врска со реакцијата на „ФХлидер“

Од:

Во врска со реакцијата на „ФХлидер“, појаснуваме дека единствено овластените банки, Фондот за осигурување депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестициските фондови можат да инвестираат, преку овластен учесник, на странската берза или на организиран пазар на хартии од вредност. Член 14 од Законот за девизно работење јасно пропишува дека резидентите, освен спомнатите, немаат право да инвестираат во хартии од вредност во странство. „ФХлидер“ со својата понуда на услуги ги таргетира токму оние на кои тоа не им е дозволено. Понатаму, моделот на „левериџ трејдинг“ којшто го нуди „ФХлидер“ е исклучително ризичен за непрофесионални инвеститори и може да се спореди со лотарија, се вели во соопштениетона НБРМ.
Во прилог следува целиот текст од член 14 од Законот за девизно работење, доставен од НБРМ.

ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/01,
49/01, 103/01, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16)

Вложувања на резиденти во хартии од вредност во странство

Член 14
Резидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (во натамошниот текст: овластен учесник) или преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност.

Овластениот учесник е должен за сите вложувања на резидентите во хартии од вредност во странство, како и за измена на овие вложувања, вклучувајќи и нивно отуѓување редовно да доставува извештај до Народната Банка на Република Македонија.

Доколку резидентот врши упис, уплатува или тргува со хартии од вредност во странство преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност, е должен да го достави извештајот од ставот 2 на овој член до Народната банка на Република Македонија.

Резидентите освен овластените банки, не можат да вложуваат во хартии од вредност во странство.

Овластените банки можат во свое име и за своја сметка да вложуваат во хартии од вредност во странство кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Народната банка на Република Македонија.

По исклучок на став 4 на овој член, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови можат да вложуваат во хартии од вредност во странство согласно со законите кои го регулираат нивното работење.

По исклучок од ставот 4 на овој член, резиденти-зависни друштва основани во технолошко индустриските развојни зони можат, заради наградување на своите вработени, за своја сметка, а во име на вработените, да купуваат акции издадени од владеачкото друштво.

Би можело да ве интересира

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

Народна банка предупредува на измами: Лажно се претставуваат во име на реномирани компании и бараат лични податоци

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување