Станковиќ: Коце да ги поништи партиските вработувања во Скопје

Од:

Коце Трајановски веднаш да ги поништи партиските вработувања во скопските Јавни претпријатија и да ги разреши директорите кои се фатени на дело, изјави пратеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, откако вчера јавноста дозна за масовни вработувања по партиски налог од владејачките партии во неколку Јавни фирми на Град Скопје.

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера беа фатени на дело како ги злоупотребуваат функциите за партиски вработувања. На само четири месеци пред изборите се појавија списоци со луѓе кои по партиски налог се вработуваат во скопските Јавни претпријатија. Дополнително, самите граѓани признаваат дека работните места им ги обезбедуваат штабовите на партиите од власта. Бадијала огласи за вработување, бадијала реклами за отчетноста и транспаретноста, бадијала заложби за непартизирана јавна администрација, кога за секое вработување одлуките се носат во партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Станковиќ.

– Овој многу сериозен скандал е уште еден во серијата активности со кои власта на секаков можен начин се онидува да манипулира со волјата на гласачите. Пред десетина дена се покажа дека власта спроведува рекомпонирање на гласачката структурка во општина Ресен. Новиот скандал со партиските вработувања во Скопје е уште еден од низата примери зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно не сака да ги прифати забелешките на ОБСЕ-ОДИХР и Европската Комисија и да ги вметне во изборното законодавство, тврди Станковиќ.

Тој денеска го повика градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, бидејќи премиерот не може повторно да бара виновник во опозицијата, веднаш да бидат стопирани сите партиски вработувања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ