Уставниот суд на денешната седница не расправал за иницијативата за преиспитување на уставноста на одлуката за поставување крст, во висина од 55 метри во Општина Бутел. Оваа точка беше најавена во претходно најавениот дневен ред за седницата, но судијата известител за овој предмет, Владимир Стојановски без образложение ја повлекол точката од дневнен ред. Од Уставниот суд најавуваат дека расправата за уставноста на крстот во Бутел е одложена за на некоја од следните седници.
Според она што беше објавено на интернет страницата на Уставен суд, иницијативата за „одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутелс, требаше да биде 11 точка на дневниот ред.
55 -метарскиот крстот е донација на Светскиот македонски конгрес.
Општина Бутел во февруари годинава донесе одлука да постави крст. Поставувањето на крстот предизвика тензии, откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп против неговата изградба на што со контрапротести одговори Светскиот македонски конгрес.
Крстот сѐ’ уште не е поставен.
А.Б.