Македонската влада само еднаш побарала од интернет пребарувачот Googlе да отстрани содржина, открива извештајот за транспарентност на Googlе за периодот од почетокот на годината до јуни.
Станува збор за Youtube видео чија содржина од органите на власта е проценета како опасна за државната безбедност.
Според податоците кои ги презентира Googlе, барањето за отстранување на видеото е од извршната власт или од Министерството за внатрешни работи. Google не одговори потврдно на барањето за отстранување на содржината, можеби бидејќи барањето за „симнување“ на видеото не е поткрепено со судска одлука.
Google се уште се нема согласено да отстрани содржини на барање на македонските власти, ниту пак македонските власти се нешто посебно ангажирани да се тргнат видеа на YouTube и друга содржина со говор на омраза.
„Го откриваме бројот на барања кои ги добиеме од сопствениците на авторски права и влади за отстранување информации од нашите сервиси. Се надеваме дека овие чекори кон поголема транспарентност ќе помогнат во информирањето на постојаните разговори за соодветниот обем и надлежност за регулирањето на содржините на интернет.“, објаснува Googleзошто ги објавува податоците за барања за цензурирање на содржини.