Брегзит ќе предизвика нови остри кратења на буџетските трошоци во Британија

Од:

Велика Британија може да се соочи со дополнителни две години од нови, остри мерки за кратење на буџетската потрошувачка, доколку Британиците се определат за излегување од ЕУ, предупреди денеска угледниот лонодонски Институт за фискални студии (ИФС).

Во своето соопштемние, оваа тинк-танк организација потсетува дека „постои консензус меѓу економистите“ за тоа дека после Брегзит ќе уследи пад на британската економија.

Инситутот посочува дека британското гласање за излегување од Унијата ќе доднесе пад на домашниот БДП, што ќе предизвика подлабоки скратувања на државните трошоци, или дури проширување на кратењето и во сектори каде тоа досега не се правеше.

Предупредувањето на Институтот за фискални студии доаѓа по искажаната загриженост и стравување на десетина угледни, поранешни високи виоени функционери на Британија, за тиа дека Брексит ќе ја наруши борбената ефиканскост на британската армија.

Би можело да ве интересира

„Економист“ : Брегзит ги осиромашува Британците

Емир Латифовиќ

Филип Хамонд: Британската економија ќе се соочува со турбуленции во следните две години

Емир Латифовиќ

Нов пад на фунтата по соопштувањето датум за почеток на Брегзит

Емир Латифовиќ

Штајнмаер: Брегзит ќе има долгорочни последици

Емир Латифовиќ

Брегзит предизвика пад на основната камата на Банката на Англија на рекордно ниско ниво

Емир Латифовиќ

Германија ги намалува инвестициите во Велика Британија

Емир Латифовиќ