Полицијата денеска пред зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина спречи самозапалување.
Меџиба Халиловиќ од Зеница од понеделникот протестира пред Владата на ФБиХ поради сиромаштијата и лошите услови за живот, а од вчера почна и штрајк со глад. Денеска таа се полеа со бензин, но полицијата спречи трагичен исход.
Халиловиќ е самохрана мајка на три деца и осум години живее во социјален стан во лоши услови.
Таа по обидот за самозапалување беше примена од советник на федералниот премиер.