Киднапиран син на грчки банкар

Од:

Две непознати лица денеска го киднапирале синот на директорот на Националната банка во Халкида. Петнаесетгодишното дете е киднапирано додека одело на училиште.

Очевидците тврдат дека непознатите лица го запреле детето околу осум часот изутрина, го присилиле да влезе во нивниот автомобил и избегале. Киднапирањето го виделе неговите соучениците и случајните минувачи.

Таткото на детето е директор на филијалата на Националната банка во Халкида. Откупот кој му е побаран од киднаперите изнесува неколку милиони евра. Случајот го истражува грчката полиција.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк