Уставните судии утрово експресно и едногласно поведoa постапка за оценување на уставноста на одлуката на самораспуштање на Собранието. Поднесувач на иницијативата беше Талат Џафери од ДУИ.
Претседателката на судот, Елена Гошева рече дека ќе направи преседан и ќе ја прифати иницијативата на ДУИ за преиспитување на законитоста на одлуката за самораспуштање на собранието.
Причината, според Гошева е , состојбата во државата и кризата за која нема разрешница.
За разлика од претходната одлука на Судот, кога тој се произнесе за ненадлежен да одлучува за самораспуштањето на Соранието, без да носи мериторна одлука, Гошева рече дека во судската пракса имало преседан на носење на мериторна одлука во 2001 година кога Судот го прогласил неуставен законот за билатерален договор помеѓу Македонија и Грција за нафтовод и одлучил дека се нанесува штета на државата.
– Имајќи ја предвид ситуцијата во државата и функционалната блокада во институциите, ќе направам преседан и ќе гласам за поведување постапка за оценување на уставноста на самораспуштањето на Собранието, рече Гошева.
Со ова Уставниот суд ја отвори можноста, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да го свика парламентот и да ја поништи одлуката за избори на 5. јуни.
Уставниот суд утрово донесе и времена одлука со која што се запираат сите дејствија поврзани со предвремените парламентарни избори.