Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Од:

Граѓанската иницијатова „Протестирам“ вечерва повторно организираше протести во Скопје и во неколку други градови во земјата.

Во Скопје, вообичаено, демострантите се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да искажат поддршка за неговата работа, маршот го продолжија пред Собранието, а потоа се упатија пред Владата, каде свои обраќања имаа претставници на граѓанскиот сектор и политичари.

И вечерва демонстрантите фрлаа балони со боја кон зградата на Собранието и Владата, а беа шарани и неколку пешачки премини.

Од иницијативата истакнуваат дека протестите ќе продолжат се до исполнувањето на нивните барања, а тоа се повлекување на одлуката за распуштање на парламентот и избори на петти јуни, за аболиција на оние против кои е покренато обвинение од страна на СЈО и гаранција дека СЈО ќе продолжи да работи. Поддржувачите на Шарената револуција бараат и оставка од претседателот Ѓорге Иванов, формирање преодна Влада и специјално одделение на кривичниот суд надлежено за случаите на СЈО.

Освен во Скопје во организација на граѓанската иницијатова „Протестирам“ се одржаа протести и во Струмица, Битола, Прилеп, Неготино, Кочани, Чешиново Облешево и Охрид.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ

Протест во Скопје низ видеа и слики

Емир Латифовиќ