Мата го нема во списокот на Дел Боске за ЕУРО 2016

Од:

Шпанскиот селектор Винсенте дел Боске го објави поширокиот спискот на играчи кои конкурираат за место во репрезентацијата која на Европското првенство во Франција ќе ја брани титулата.

Дел Боске на поширокиот список повика 25-мина фудбалери, а до 31 мај тој ќе мора да го достави конечниот список на фудбалери.

Изненадување преставува поканата за малдиот играч на Реал Мадрид, Лукас Васкез и за фудбалерот на Виљареал, Бруно Сориано, како и изоставувањето на играчот на манчестер Јунајтед на Хуан Мата од списокот. Поради повреди нема во тимот не се повикани Диего Коста и Санти Казорла.

Иако се шпекулираше дека Де Боске ќе го врати во репрезентацијата Фернадо Торес тој не се реши на таков чекор, меѓутоа испрати повик до 35-годишниот напаѓач на Атлетик Билабо, Ариц Адурис.

На списокот на Дел Боске се следниве фудбалери:

Голамни: Касиљас (Порто), Де Хеа (Ман.Јунајтед); Серхио Рико (Севилја).

Одбрана: Карвахал (Реал), Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал), Жорди Алба (Барселона), Аспиликуета (Челзи), Хуанфран (Атлетико Мадрид), Сан Хосе (Атлетик Билбао), Бартра (Барселона).

Среден ред: Бруно Сориано (Виљареал), Бускетс (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид), Тијаго Алкантара (Баерн), Иниеста (Барселона), Иско (Реал), Давид Силва (манчестер Сити), Педро (Челзи), Саул Нигез (Атлетико Мадрид), Фабрегас (Челзи).

Напад: Адуриц (Атлетик Билбао), Нолито (Селта), Мората (Јувентус), Лукас Васкез (Реал).

На првенството во Франција кое ќе се игра од 10 јуни до 10 јули, Шпанија одбраната на титулата ќе ја почне на 13 јуни против Чешка селекција покрај која во Д групата „Црвената фурија“ за противници ќе ги има и репрезентациите на Турција и на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ