Хоџсон го објави поширокиот список на играчи за ЕУРО 2016

Од:

На 25 дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Франција летово, селекторот на англиската репрезентација, Рој Хоџсон прв ги „отвори карите’’ и го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за ЕУРО 2016.

На списокот на Хоџсон се 26-мина фудбалери од кои тројца ќе останат без настап во Франција. Од редовите на новиот англиски шампион Лестер се повикани само двајца фудбалери, играчот од средниот ред Дани Дринквотер и напаѓачот Џејми Вардри. Изненадување преставува повикот на младиот иМаркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, како и изоставувањето на Јагелка и Тео Волкот.

Голмани: Џо Харт (Манчестер Сити), Фрејзер Форстер (Саутемптон), Том Хитон (Барнли).

Одбрана: Рајан Бертранд (Саутемптон), Гери Кејхил (Челзи), Натаниел Клајн (Ливерпул), Дени Роуз (Тотенхем), Крис Смолинг (Манчестер Јунајтед), Џон Стонус (Евертон), Кајл Вокер (Тотенхем).

Среден ред: Деле Али (Тотенхем), Рос Баркли (Евертон), Фабиан Делф (Манчестер Сити), Ерик Даер (Тотенхем), Дани Дринквотер (Лестер), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Адам Лалана (Ливерпул), Џејмс Милнер (Ливерпул), Андрес Таунзенд (Њукасл), Џек Вилшер (Арсенал).

Напад: Хари Кејн (Тотенхем), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Даниел Стариџ (Ливерпул), Џејми Варди (Лестер).

Англија на ЕУРО 2016 ќе игра во Б групата, и тоа против Русија, Велс и Словачка редоследно.

Шампионатот во Франција ќе започне на 10 јуни и ќе трае еден месец.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ