(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Од:

Колку и да мислевме дека глупоста и перверзијата на оваа власт нема крај, тие успејаа да не изненадат, да го остварат тоа што секогаш го посакувале и практикувале, да легализираат диктатура, рече пред демонстрантите Сара Миленковска од Студентскиот пленум.

Таа истакна дека сервираат еднопартиски избори затоа што сакаат да го бетонираат своето владеење со што Македонија ќе стане недемократска и непартиска држава.

– Ги аболицираа криминалците, а на оние граѓани кои што го имаат својот став им тропаат на врата со извршители. Апсат наши пријатели, наши другари. Зашто, затоа што имаат став кој што е различен од нивниот. Кога ние бунтуваме, тоа е насилство и хулиганство. Кога тие крадат од нашиот буџет, нашите пари, тогаш тоа е бизнис и е дозволено, рече Миленковска.

Таа кажа дека за правна држава студентите треба да се борат со идеи и концепти, а македонските студенти се приморани на улица да се борат за Уставот на државата.

– Аболицирани политичари не градат правна држава, тоа треба да им го препорачаме, затоа што очигледно не можат да го разберат. Нема да дозволиме вакви луѓе да бидат огледало на нашето општество. Но пасаран! Но, треба да им препорачаме дека дури и со еднопартиски избори, граѓаните не се оставени без избор. Изборот е јасен, или ќе се покориме на нивното насилство или ќе сфатиме дека бунтот лежи во нас и нема да дозволиме окупација на нашата држава, рече Миленковска.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

Протест во Скопје низ видеа и слики

Емир Латифовиќ