Груевски и во последниот чекор покажува дека за да ја спаси сопствената кожа го руши Уставот. Ако Собранието е на граѓаните, тогаш од пред неговата врата порачуваме, „Собрание собери се, повлечи ја одлуката за избори“, рече пред демонстрантите Мила Царовска.
– Со избори на 5 јуни на кои што на избирачкото ливче има само една партија, ниту има избор, ниту ќе има избори. Глумиме држава, глумиме демократија, а добиваме потврда за диктатура и губиме 7 ипол милиони евра наши пари кои ќе ги потрошат на 5 јуни, рече Цраовска.
Таа кажа дека Македонија ултимативно мора да биде слободна и праведнаа тоа ќе го направат граѓаните порано или подоцна
– Пријатели, сограѓани, револуционери, да гледаа што гледаме ние, да чувствуваа што чувствуваме ние и да ги болеше неправдата како што не боли нас, немаше се во оваа држава да биде погрешно. Погрешни луѓе во затвор, а погрешни на слобода, погрешни во власта, а погрешни надвор од власта. Пари за споменици, наместо за болници и училишта. И сето тоа е неправда, а кога нема правда, нема мир, рече Царовска.
Таа уште еднаш ги повтори барањата на Шарените револуционери кои повеќе од еден месец протестираат низ улиците на целата држава.
– Бараме Ѓорге Иванов да ја повлече аболицијата и да замине во историјата како славен Претседател кој што два мандати молчеше и кога прозборе го сруши Уставот и поддржа диктатура. Бараме Собранието да ја повлече одлуката за парламентарни избори, бараме Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение во Кривичниот суд, да се вклучат независни претставници од граѓанското општество во решавањето на оваа криза, преодна Влада која што ќе ги спроведе реформските приоритети од извештајот на Прибе и целото решавање на кризата да се случува во територија на Република Македонија, рече Царовска.